ПРВ.мк
Свет

„Златен“ телефон и мобилна мрежа на Трамп – нов бизнис за „вистински Американци“

„Златен“ телефон и мобилна мрежа на Трамп – нов бизнис за „вистински Американци“

Семејството на Доналд Трамп влегува во нова индустрија – мобилна телефонија. Под брендот „Trump Mobile“, Трамп најави нова услуга со сопствени телефони, вклучувајќи го и златниот модел „Т1“ за 499 долари, произведен во САД. Претплатата ќе чини 47,45 долари месечно – алузија на тоа дека Трамп е 45-ти и 47-ми претседател.

Телефонот ќе биде „Made in USA“, а услугата ќе се рекламира како „патриотска“ алтернатива за „вистински Американци“, со цел да се натпреварува со Apple и Samsung. Корисниците ќе можат да го користат новиот систем и со постоечките уреди.

Иако слични пакети во САД чинат речиси двојно поевтино, Организацијата Трамп ветува услуги без цензура и со центри за поддршка во Америка.

Ова е дел од пошироката стратегија на Трамп за проширување на неговата економска империја, која последниве години вклучува и криптовалути, дигитални токени и медиумски платформи.

Сподели го овој напис