ПРВ.мк
Свет

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) СТРАШНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Воз удри во камион заглавен на пруга!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) СТРАШНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Воз удри во камион заглавен на пруга!

Страшна сообраќајна несреќа се случила во Полска, откако патнички воз удрил во камион од Босна и Херцеговина кој во моментот останал заглавен на железнички премин во населбата Гдањск-Липце.

Несреќата се случила вчера, а драматичниот момент бил забележан и од надзорните камери поставени во близина на преминот.

На снимките се гледаат последиците од силниот судир, при што приколката на камионот била целосно уништена. Оштетено било и патничко возило кое се наоѓало во непосредна близина на местото на несреќата.

Иако сцените изгледаат драматично, за среќа немало човечки жртви. Во несреќата биле полесно повредени четири лица.

Полската Државна противпожарна служба соопштила дека дојавата за судирот ја добила околу 12:30 часот.

Со возот, кој сообраќал на релација меѓу Гдиња и Зјелона Гора, патувале околу 300 лица. По судирот, патниците успеале самостојно и безбедно да го напуштат возот.

На местото пристигнала итна медицинска екипа, која прегледала четири лица – возачот на камионот, кондуктерот и двајца патници.

По лекарскиот преглед, возачот на камионот бил пренесен во болница.

Поради несреќата, железничкиот сообраќај во областа бил целосно прекинат. За патниците бил организиран алтернативен превоз со автобуси до блискиот град Тчев.

По несреќата, полските државни железници ги објавиле снимките од надзорните камери со цел да испратат сериозна порака до возачите и да предупредат на опасноста од останување на возило на железнички премин.

Од железниците апелирале до возачите доколку некогаш се најдат во ситуација возилото да им остане заглавено на премин, особено кога рампите се спуштени, веднаш да го напуштат преминот наместо да чекаат возот да пристигне.

Во таква ситуација, според нивното предупредување, возачите треба да реагираат веднаш и да ја пробијат рампата доколку е потребно за да го тргнат возилото од шините.

Снимките од несреќата повторно ја покажаа огромната опасност што ја носи секое возило оставено на железничка пруга во момент кога се приближува воз.

ВИДЕО