Во Израел и во Газа владее еуфорија откако е објавено дека е постигнат договор за мир.
Во Тел Авив, стотици луѓе се собраа на Плоштадот на заложниците за да го прослават потпишувањето на договорот меѓу Израел и Хамас. Толпата аплаудираше, танцуваше под американските и израелските знамиња, а една жена гордо држеше знак на кој пишуваше: „Го сакаме Трамп“.
„Ова е магичен ден“, вели таа. Во близина, 50-годишната Јаел не можеше да ги скрие своите емоции, плачејќи додека ја гледаше толпата како танцува. „Толку сум возбудена – ова е огромно олеснување. Само сакаме да ги видиме нашите најблиски да се вратат дома кај своите семејства“, додава таа.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави дека ќе свика состанок на кабинетот за да го одобри договорот за Газа. „Голем ден за Израел“, напиша Нетанјаху на социјалната мрежа X.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така изјави дека заложниците што ги држи Хамас треба да бидат ослободени во понеделник или вторник.
Се потсетува дека на 7 октомври 2023 година Хамас го нападна Израел, со барање за формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим.
Видео: