ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) СТРОТНИ СЦЕНИ: Водата носи се пред себе – Силно невреме беснее во делови од Европа!

(ВИДЕО) СТРОТНИ СЦЕНИ: Водата носи се пред себе – Силно невреме беснее во делови од Европа!

Силно невреме проследено со обилни дождови предизвика хаос во делови од Австрија, каде поројна вода, кал и одрони затворија патишта и создадоа опасни услови за сообраќајот.

Најдраматичната сцена се случила во долината Штанцертал, каде надојден порој од потокот Хое Рифе однел редовен автобус од патот меѓу местата Шнан и Флирш.

Водата и калта достигнале висина од околу 80 сантиметри и навлегле во автобусот, по што припадници на Доброволната противпожарна служба започнале спасувачка акција. Од возилото биле извлечени 49-годишниот возач и тројца патници.

Според информациите, 31-годишен маж од Иран, 39-годишна жена и 14-годишно девојче од Австрија поминале без повреди, додека возачот бил пренесен во болницата во Замс. Засега не се соопштува сериозноста на неговите повреди.

Невремето предизвикало и повеќе одрони околу 20:20 часот во понеделникот, при што камења и кал ги прекриле државните патишта Б171 и Л68.

Поради опасноста, локалниот пат и патот Л68 останале затворени во текот на ноќта, а пристапот до околните населби бил овозможен преку заобиколен правец по автопатот С16. Патот Б171 бил расчистен и повторно пуштен во сообраќај подоцна истата вечер.

Надлежните служби најавија дека и денес ќе продолжат со расчистување на теренот со тешка механизација, додека се проценува обемот на штетите предизвикани од невремето.

ВИДЕО

Најнови вести