ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС: Потресот се почувствува во повеќе држави - еве каде е епицентарот!

(ВИДЕО) СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС: Потресот се почувствува во повеќе држави - еве каде е епицентарот!

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на оддалеченост од 21 километар од градот Малатија, во источниот дел на Турција.

Засега нема официјални извештаи за повредени или за материјална штета.

Според изјавите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил силен, се лулале лустери, а земјотресот се почувствувал и во Сирија и на Кипар.

Луѓето истрчаа на улиците

Граѓаните кои живеат стотици километри подалеку од епицентарот тврдат дека силно се тресело, што може да се види и од нивните снимки на социјалните мрежи.

Многу граѓани во паника истрчале на улиците и чекале последователен потрес.

Малатија беше една од 10-те погодени покраини во разорниот земјотрес во 2023 година. Тогаш епицентарот беше во Пазарџик, а беа погодени 10 покраини, вклучувајќи ја и Малатија.

ВИДЕО

Најнови вести