ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ШЕСТ ДЕНА БЕШЕ ПОД УРНАТИНИТЕ: Тригодишно момче извлечено живо – снимката од Венецуела го трогна светот!

(ВИДЕО) ШЕСТ ДЕНА БЕШЕ ПОД УРНАТИНИТЕ: Тригодишно момче извлечено живо – снимката од Венецуела го трогна светот!

По шест дена минати под урнатините од разорните земјотреси во Венецуела, спасувачките екипи успеаја живо да извлечат тригодишно момче, во акција што многумина ја опишуваат како вистинско чудо.

Драматичната спасувачка операција е снимена на видео. Спасувачите внимателно го извлекле детето од урнатиот станбен комплекс „Los Corales Garden 1“ во државата Ла Гуаира, по што веднаш било пренесено во здравствена установа во Каракас за лекарски прегледи. Според официјалните информации, момчето се вика Клајбер Моран.

Неговото спасување донесе надеж среде трагедијата што ја погоди Венецуела, откако земјата беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала. Во катастрофата беа предизвикани големи материјални штети и загинаа голем број луѓе.

Иако со секој изминат ден шансите за пронаоѓање преживеани се намалуваат, спасувачките тимови продолжуваат со пребарувањето на урнатите објекти во надеж дека ќе спасат уште животи.

Видеото од извлекувањето на тригодишното момче за кратко време се прошири низ социјалните мрежи и предизвика силни реакции ширум светот, а многумина го опишаа неговото преживување како неверојатно чудо.

ВИДЕО