Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја претстави новата подморница на нуклеарен погон „Перм“, најавувајќи натамошна модернизација на руската воена морнарица и зајакнување на нејзините борбени способности.
Путин присуствуваше на свеченото подигнување на знамето во бродоградилиштето „Севмаш“ во Северодвинск, со што подморницата официјално беше предадена на руската воена морнарица.
Нејзината изградба започнала на 29 јули 2016 година и траела повеќе од десет години.
„Русија е една од ретките земји во светот способни да изградат толку моќни нуклеарни подморници, оружје со глобален дострел и значење“, изјави Путин.
Подморниците на нуклеарен погон претставуваат важен дел од руската стратегија за нуклеарно одвраќање, пренесува агенцијата АФП.
Уште пет подморници до 2030 година
Рускиот претседател најави дека до 2030 година воената морнарица ќе добие уште пет подморници, од кои три од класата „Јасен-М“, на која ѝ припаѓа и новопретставената „Перм“.
Според Путин, овие подморници имаат способност да дејствуваат во кој било дел од светските океани и да носат различни видови крстосувачки ракети.
Со претставувањето на новата подморница, Москва ја продолжува модернизацијата на својата воена флота, а Кремљ објави и видеоснимки од свеченото примопредавање.
Видео:






