ПРВ.мк
Свет

СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ЕВРОПСКА ДРЖАВА: Стотици интервенции, доцнат летовите, илјадници домаќинства без греење и топла вода

СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ЕВРОПСКА ДРЖАВА: Стотици интервенции, доцнат летовите, илјадници домаќинства без греење и топла вода

Обилни снежни врнежи ја погодија Чешка, предизвикувајќи стотици сообраќајни несреќи, сериозни нарушувања во сообраќајот и голем број интервенции на надлежните служби.

Чешките пожарникари во четвртокот и петокот интервенирале во повеќе од 600 случаи, меѓу кои сообраќајни несреќи, паднати дрвја и возила заглавени во снежните наноси.

Властите упатија апел до возачите да бидат особено внимателни и да ја приспособат брзината на движење на зимските услови на патиштата.

Екипите за зимско одржување непрекинато ги расчистуваат автопатиштата и локалните сообраќајници, а за само 24 часа биле потрошени повеќе од 4.600 кубни метри сол.

Снежното невреме предизвика нарушувања и во воздушниот сообраќај. Поради снежните наноси, летовите на аеродромот во Прага доцнеле по неколку часа.

26.000 домаќинства без греење и топла вода

Дополнителни проблеми ги погодија жителите на чешката престолнина, каде што околу 26.000 домаќинства останале без греење и топла вода поради дефект на регионалниот топловод.

Дефектот се случил во период кога температурите се спуштиле под нулата, дополнително отежнувајќи го секојдневието на илјадници жители на Прага.