Жителите на турскиот град Ушак сведочеа на необичен небесен феномен, откако силно осветлена огнена топка се појави на небото и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Снимките од настанот брзо се проширија, а многумина останаа изненадени од интензитетот и траењето на појавата.
Според локалните медиуми, метеорот бил видлив повеќе од 20 секунди, што е значително подолго од вообичаеното времетраење на вакви појави, кои најчесто исчезнуваат за неколку секунди. На видеата може да се забележи бело-синкаво-зелен објект со долга светлосна трага, кој се движи низ небото.
Се претпоставува дека станува збор за редок тип на метеор познат како „earth-grazing“, кој влегува во атмосферата под многу низок агол и патува подолго низ нејзините горни слоеви пред да исчезне.

Засега нема информации дали се пронајдени остатоци од метеоритот, а настанот сè уште не е официјално евидентиран во глобалните системи за следење на вакви вселенски објекти.


















