ПРВ.мк
Македонија

Нова евакуација од Блискиот Исток: Вечерва се враќаат уште 119 македонски државјани, бројката расте на 605

Нова евакуација од Блискиот Исток: Вечерва се враќаат уште 119 македонски државјани, бројката расте на 605
Kristal

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека вечерва ќе се реализира уште еден организиран лет за евакуација на македонски државјани од земјите погодени од кризата на Блискиот Исток. Станува збор за третиот лет од Обединетите Арапски Емирати, кој воедно е петти евакуациски лет организиран од државата, по претходните операции од Шарм Ел Шеик и Ријад.

Според информациите, авионот треба да полета во 16:00 часот по локално време, а слетувањето на Меѓународниот аеродром во Скопје е планирано за 20:10 часот. За овој лет досега се пријавени вкупно 147 патници, од кои 119 се македонски државјани, а 28 се странски државјани.

Со реализацијата на овој лет, вкупниот број евакуирани македонски граѓани ќе достигне 605. Од Министерството нагласуваат дека безбедноста на граѓаните останува апсолутен приоритет и посочуваат дека евакуацијата на сите македонски државјани кои побарале враќање во земјата е целосно завршена.

Воедно, надлежните информираат дека дежурниот СОС телефон, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, и натаму остануваат достапни за сите македонски граѓани на кои им е потребна поддршка.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo