ПРВ.мк
Свет

Клучен човек во Иран ликвидиран: Лариџани беше мозокот зад најважните одлуки во државата

Клучен човек во Иран ликвидиран: Лариџани беше мозокот зад најважните одлуки во државата
Kristal

Али Лариџани, еден од највлијателните функционери во Иран, е убиен во израелски напад, според информации од медиумите. Тој важеше за клучна фигура во иранската власт, особено по последните случувања во врвот на државното раководство.

Лариџани ја извршуваше функцијата секретар на Врховниот совет за национална безбедност, позиција од која ги координирал одбраната, разузнавачките служби и надворешната политика на земјата. Во текот на својата долга кариера, тој беше и претседател на парламентот цели 12 години, како и министер за култура и директор на државната телевизија.

По убиството на врховниот лидер Али Хамнеи во израелските напади, Лариџани стана еден од најважните луѓе во системот и се сметаше дека токму тој ги носи клучните одлуки во државата. Неговото влијание дополнително беше засилено и поради состојбата на новиот лидер, кој наводно бил онеспособен по нападите.

Освен политичката моќ, Лариџани потекнува од едно од највлијателните семејства во Иран. Роден е во Наџаф во 1958 година, а неговите браќа исто така имаат значајни позиции во државата – од советници до врвни судски функции.

Неговата ликвидација претставува сериозен удар за иранското раководство и дополнително ја засилува неизвесноста во веќе тензичната ситуација на Блискиот Исток.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo