ПРВ.мк
Македонија

Мисајловски најави голем одбранбен исчекор: Македонија влегува во преговори за нова противвоздушна опрема

Мисајловски најави голем одбранбен исчекор: Македонија влегува во преговори за нова противвоздушна опрема
Kristal

Македонија во 2026 година ќе влезе во фаза на преговори со стратешкиот партнер и со други држави за набавка на нова воена опрема, а во прв план ќе биде зајакнувањето на противвоздушната одбрана. Ова го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски, посочувајќи дека станува збор за сериозни инвестиции вредни милиони евра, кои ќе се реализираат низ транспарентна постапка.

Тој нагласи дека актуелните светски случувања, особено кризата на Блискиот Исток и војната во Украина, јасно покажуваат дека државата мора да вложува повеќе во својата безбедност и организација. Според него, клучно е Македонија да гради стабилен амбиент, да ги зацврстува пријателствата со сојузниците и истовремено да ги унапредува сопствените одбранбени капацитети.

Мисајловски најави и голем број проекти за подобрување на условите во армијата и во Министерството за одбрана. Како дел од тие планови, веќе се работи на набавка вредна околу половина милион евра за реновирање и реконструкција, а дополнително ќе се вложува во касарните, нови системи, сајбер-опрема и инфраструктура.

Министерот потенцира дека 30 години состојбата во одбраната се градела тешко, но дека сега е време за конкретна обнова. Тој посочи дека минатата година веќе се набавени нови униформи, чизми и средства за основни потреби, а во наредниот период фокусот ќе биде ставен на уште поголеми зафати и модернизација на системот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo