Ирански проектил или негови фрагменти паднале во близина на клучни објекти во Ерусалим, со што повторно се зголеми напнатоста во израелската престолнина. Според извештаи од израелски и меѓународни медиуми, фрагменти од пресретната иранска ракета погодиле повеќе точки во градот, меѓу нив и области недалеку од Кнесетот и Националната библиотека.
Во јавноста се појавија тврдења дека проектилот паднал само неколку метри од канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, но засега нема официјална потврда што точно го погодило просторот околу владините објекти. Она што е потврдено е дека делови од пресретнати ракети паднале во Ерусалим и предизвикале штета на неколку локации.
Овој инцидент доаѓа во момент кога социјалните мрежи веќе беа преплавени со гласини за наводна смрт на Нетанјаху, на што тој одговори со видео-снимка од кафе-бар во близина на Ерусалим, обидувајќи се да стави крај на шпекулациите. Ројтерс потврди дека видеото е автентично и објавено како реакција на тие гласини.
Со новите ирански напади и паѓањето на фрагменти во самиот Ерусалим, безбедносната состојба во Израел останува исклучително тензична, а секој нов удар носи дополнителен страв од уште подлабока ескалација.


















