ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ И ПОПЛАВИ ВО ТУРЦИЈА: Водата носеше автомобили, 12 лица повредени!

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ И ПОПЛАВИ ВО ТУРЦИЈА: Водата носеше автомобили, 12 лица повредени!

Силно невреме проследено со обилни дождови ја погоди областа Самсун во Турција, предизвикувајќи сериозни поплави и големи материјални штети.

Според државната агенција „Анадолија“, поројните врнежи довеле до излевање на реки во округот Хавза, при што водата се слевала низ улиците и буквално носела автомобили и отпад пред себе. Поплавени биле и домови, подруми и деловни објекти, а жителите биле принудени да се евакуираат со помош на службите.

Најмалку 12 лица се повредени и хоспитализирани, но надлежните соопштуваат дека никој не е во животна опасност. Дел од повредените сами побарале медицинска помош, додека други биле извлечени и пренесени во болница од итните служби.

На терен интервенирале пожарникарски екипи, полиција и тимови за справување со катастрофи, кои работеле на извлекување на заглавени жители и санирање на последиците од поплавите.

Невремето предизвикало хаос во делови од регионот, а властите продолжуваат со проценка на штетите и расчистување на теренот.

ВИДЕО