Непознати лица фрлиле Молотови коктели врз Рускиот дом во Прага, објавија властите утрово.
Чешката полиција преку социјалната мрежа „Икс“ (X) соопшти дека непознат сторител фрлил неколку Молотови коктели во четврток навечер врз зградата на Рускиот центар за наука и култура (RSVK) во прашката општина Дејвице, пренесува чешката агенција CTK.
- Три од шесте фрлени коктели не експлодирале, што го спречило поголемото штетно влијание – изјави директорот на центарот, Игор Гиренко, пренесува РИA Новости.
Нападот бил насочен кон прозорците на библиотеката, а завршниот настан за Денот на руската култура бил планиран за денес, што според Гиренко покажува дека времето на нападот не било случајно.
- Само нечовечки суштества можат да ја нападнат културата – оцени директорот.
Рускиот центар за наука и култура, познат како Руски дом, од 1971 година се управува од руската државна агенција Роштрудничество, а на незадоволство на Москва, Чешката Република не го признава дипломатскиот статус на зградата во која се наоѓа центарот, наведува CTK.
Се трага по сторителот Заменик-шефот на Роштрудничество, Павел Шевцов, истакнал дека напаѓачите имале намера да предизвикаат голем пожар. Прашката полиција соопшти дека трага по сторителот и дека против него се води истрага за оштетување туѓа имот.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, го нарече нападот „варварски чин“, додека медиумите го опишаа како обид за загрозување на културниот центар и предизвикување пожар, пренесе TASS.
Повици за затворање на Рускиот дом Русија во минатото се жалела на ставот на Чешката Република кон овој центар. Поранешниот руски амбасадор во Прага, Александар Змејевски, во мај минатата година изјави за „Известија“ дека околу Рускиот дом владее нездрава атмосфера, наведува CTK.
Змејевски истакнал дека повиците за затворање на Рускиот дом редовно се појавуваат во чешките медиуми, а тој самиот бил цел на хулигански напади од разни организации, делумно и поради руската војна во Украина.
Средината на април минатата година, десетици луѓе, предводени од иницијативата „Глас на Украина“, протестирале пред Рускиот дом против ширењето на руската култура, додава чешката агенција.



















