На 26.03.2026 во 15:30 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека во периодот од 12:00 до 15:00 часот непознати сторители влегле во џамијата во село Слатино, тетовско. Со употреба на сила и тврд предмет била отворена касата со доброволни прилози и биле одземени пари.
Увид извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



















