Во Велес започна поставувањето на камери на главните улици како дел од проектот „Безбеден град“. Монтажата опфаќа кабли, метални сандачиња, столбови и самите камери.
Стартот на системот се најавува кон крајот на јули 2026 година. Полицијата истакнува дека приоритет ќе имаат главните сообраќајни артерии, клучните крстосници и „црните точки“ каде се случуваат најмногу сообраќајки, со цел зголемување на општата безбедност и ефикасно следење на сообраќајот.
Точниот број на камери и нивните локации ќе бидат дефинирани по завршување на техничкото планирање, но целта е целосна покриеност на критичните зони во градот.



















