ПРВ.мк
Свет

ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Долари со потпис на Доналд Трамп ќе бидат пуштени во оптек ова лето!

ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Долари со потпис на Доналд Трамп ќе бидат пуштени во оптек ова лето!
Kristal

Американската хартиена валута ќе го носи потписот на актуелниот претседател Доналд Трамп, почнувајќи од ова лето, соопшти Министерството за финансии на САД. Ова е првпат актуелен претседател да потпише американски долари, а редизајнираните банкноти ќе ја одбележат 250-годишнината од независноста на САД.

Првите банкноти од 100 долари со потписот на Трамп и на секретарот за финансии Скот Бесент ќе бидат испечатени во јуни, по што ќе следуваат и други апоени. Со ова, се прекинува традицијата долга 165 години во која потписот на главниот американски благајник се појавуваше на банкнотите.

Министерството за финансии нагласува дека дизајнот на банкнотите останува непроменет, освен што потписот на благајникот е заменет со потписот на Трамп, како дел од обележувањето на „златното доба на економската преродба“ во неговиот мандат.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo