ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) НЕБОТО НАД СИЦИЛИЈА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ОГНЕНА СЦЕНА: Етна повторно еруптира, издадено предупредување за авионите!

(ВИДЕО) НЕБОТО НАД СИЦИЛИЈА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ОГНЕНА СЦЕНА: Етна повторно еруптира, издадено предупредување за авионите!

Нови силни ерупции на вулканот Етна повторно го осветлија небото над Сицилија, додека огромни облаци од вулкански пепел и лава се издигнуваат над највисокиот активен вулкан во Европа. Италијанските власти веднаш издадоа предупредување за авионскиот сообраќај, иако засега нема прекини во летовите кон Катанија.

Според италијанските медиуми, Етна влезе во нова фаза на засилена вулканска активност, при што над островот се формираа едни од најголемите облаци од пепел забележани во последните години.

Ерупцијата потекнува од пукнатината што се отвори на 26 јуни во кратерот Вораџине, сместен на околу 3.000 метри надморска височина. Од таму непрекинато се исфрлаат лава, пепел и вулкански материјал, а огнените текови се видливи и од источните падини на планината.

Етна, која достигнува височина од околу 3.300 метри, важи за највисокиот активен вулкан во Европа и е еден од најактивните вулкани во светот, со чести ерупции што внимателно ги следат научниците.

Поради засилената активност, Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија издаде портокалов предупредувачки код за воздушниот сообраќај. Предупредувањето се однесува на можната опасност од облаците со вулкански пепел, кои можат да претставуваат ризик за авионите.

И покрај тоа, италијанските власти информираат дека аеродромот „Фонтанароса“ во Катанија продолжува да работи без прекини, а летовите засега се одвиваат според редовниот распоред. Надлежните служби внимателно ја следат состојбата и се подготвени да реагираат доколку дојде до промена на насоката на движење на вулканскиот пепел.

ВИДЕО

Најнови вести