Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во дводневна официјална посета на Индија, а на аеродромот во Њу Делхи се случи необична ситуација што предизвика итна реакција од Кремљ.
При пречекот на рускиот претседател за време на руско-индискиот бизнис форум, индискиот премиер Нарендра Моди го прекрши протоколот – веднаш штом Путин слезе по скалите од авионот и стапна на црвениот тепих, Моди му се приближи без претходна согласност од руската страна.
Кремљ соопшти дека агенти задолжени за безбедноста на Путин биле запрепастени од оваа промена во протоколот, што ја потврди и официјалната руска страна, објави „Хиндустан тајмс“.
По пречекот, Путин даде интервју за „Индија тудеј“, во кое зборуваше за односите меѓу Русија, Индија и Кина.

















