ПРВ.мк
Свет

Европа ја признава грешката: Целосна забрана за овие автомобили - еве од кога!

Европа ја признава грешката: Целосна забрана за овие автомобили - еве од кога!
Kristal

Европската унија долго време работеше на забрана за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување, но по низа предупредувања од индустријата, пониска побарувачка на електрични модели и растечка загриженост за работните места, планот почнува да се менува.

Комесарот за одржлив транспорт и туризам, Апостолос Цицикостас, потврди дека моторите со внатрешно согорување ќе имаат иднина, но само ако користат горива со ниски емисии. Тоа вклучува синтетички горива и биогорива како HVO100, кои ги намалуваат емисиите до 90% и веќе се користат во некои модели на BMW и Audi. Porsche, пак, произведува е-горива со речиси безјаглероден отпечаток во Чиле, што им овозможува на моторите да преживеат и во технолошки адаптирана форма.

Во меѓувреме, пазарот се менува со своето темпо: електричните автомобили сочинуваат 18,3% од продажбата во Европа, хибридите се најпопуларни со 34,7%, а хибридите со приклучок со 9,4% првпат ја надминаа продажбата на дизел автомобили.

Мнозинството европски и американски производители го поздравуваат овој пофлексибилен пристап, иако некои компании, како „Волво“ и „Полестар“, инсистираат на задржување на првичниот рок. Новиот пакет мерки од ЕУ ќе биде презентиран до крајот на месецот.

FixCredit
Atensa 300
Escape