ПРВ.мк
Црна Хроника

СМРТ НА ДЕВОЈКА ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Ја оставил да смрзне – еве што се случи!

СМРТ НА ДЕВОЈКА ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Ја оставил да смрзне – еве што се случи!
Kristal

Највисоката планина во Австрија, Гросглокнер, стана сцена на трагедија што ја потресе алпинистичката заедница. Триесет и тригодишна жена од Салцбург загина од студ на само 50 метри под врвот, откако нејзиниот партнер ја оставил сама повеќе од шест часа во потрага по помош.

Истражителите утврдиле дека мразот и ветровите со брзина до 75 км/ч ја претвориле планината во опасна стапица. Жената, која тоа утро тргнала на своето прво сериозно искачување, почувствувала исцрпеност пред самиот врв. Наместо да ја заштити и да ги почека спасителите, нејзиниот придружник заминал по помош, но таа никогаш не ја дочека зората.

Австриското државно обвинителство поднесе обвинение за убиство од крајна небрежност против 36-годишниот маж, нагласувајќи дека ја оставил „неизолирана, дезориентирана и без заштита“ и не презел минимални чекори за нејзина безбедност. „Како поискусен и организатор на турната, имал обврска да ја води и заштити,“ стои во обвинението.

Полицијата утврдила дека парот тргнал два часа подоцна од планираното и без основна опрема за итни случаи. И покрај тоа што мажот видел хеликоптер што пребарувал околу 22:50 часот, не дал никакви сигнали. Дури околу 3:30 по полноќ, по шест часа раздвоеност, ја алармирал спасувачката служба.

Силниот ветер го одложил полетувањето на хеликоптерот на алпската полиција, а тимот стигнал дури следното утро по 10 часот и можел само да ја констатира смртта.

Адвокатот на обвинетиот истакна дека станува збор за трагична несреќа и не за криминален чин. Трагедијата потсетува на сличен случај со руската алпинистка Наталија Наговицина, која загина во Киргистан откако две недели остана заробена на висина од над 7.000 метри.

FixCredit
Atensa 300
Escape