Миле Тодоров, 28-годишен маж од Неготино, кој беше пријавен за исчезнат во јануари оваа година, е пронајден починат. За неговото исчезнување месеци наназад трагаше неговото семејство и полицијата, но за жал, трагичниот исход беше неизбежен.
Неговата сестра објави болна порака на социјалните мрежи, која беше исполнета со спомени и болка:
„ЛЕТАЈ СО АНГЕЛИТЕ, МИЛО НАШЕ. Нашите срца ќе останат празни без твојот глас, љубов, добрина, насмевка... Болната е голема, но спомените за тебе ќе останат вечни во нашите срца. Почивај во мир и спокој.“
Погребот на Миле Тодоров ќе се одржи на 5-ти декември (петок), од 12:00 до 13:00 часот.
Семејството и пријателите на Миле остануваат со неизмерна болка од неговото ненадејно заминување, но неговите спомени ќе живеат во срцата на сите што го познаваа.

















