ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) Објавена фотографија од македонскиот убиец кој ја претепа жената во Италија!

(ФОТО) Објавена фотографија од македонскиот убиец кој ја претепа жената во Италија!
Kristal

Трагичен инцидент во Италија ја потресе јавноста: Македонскиот државјанин, Назиф Муслија, е осомничен за ужасното убиство на својата жена, Саџиде Муслија, која била претепана до смрт во нивниот дом во Пјанело Валесина, Италија. Оваа шокантна слика на убиецот, објавена од италијанските власти, го открива лице на човекот кој наводно стои зад овај ужасен злочин.

Жената, која имала 49 години, била пронајдена мртва во нејзиниот стан со сериозни повреди од насилство, а осомничениот, 50-годишниот Назиф, ја напуштил местото на злочинот и се наоѓа во бегство. Според полицијата, тој имал долгогодишна историја на семејно насилство, со неколку пријави и обвиненија поднесени од неговата сопруга.

Паралелно со истрагата, на јавноста и е објавена фотографија од обвинетиот, што дава нови детали за овој трагичен случај. Саџиде и Назиф се наоѓале во процес на развод, но и покрај тоа, тој се вратил да живее со неа. Според пријавите, претходно имало физичко насилство и закани од страна на мажот, кој бил уапсен само неколку месеци претходно поради напад врз неа.

Овој случај ги потсетува сите на сериозноста на семејното насилство и на потребата од брзо реагирање во заштита на жртвите од вакви злочини.

FixCredit
Atensa 300
Escape