ПРВ.мк
Свет

Извршен државен удар: Претседателот уапсен, полициски час и затворени граници!

Извршен државен удар: Претседателот уапсен, полициски час и затворени граници!
Kristal

Гвинеја Бисао денес е на нож поради воениот пуч кој ја потресе земјата. Армијата го уапси претседателот Умаро Ембало, ги затвори границите, ги исклучи сите телевизиски мрежи и воведе полициски час, пренесуваат светските агенции. Пучот се случи само еден ден пред објавувањето на привремените резултати од претседателските избори, што ја засили возбудата и стравот во земјата.

Според извештаите, силно пукање било слушнато во близина на претседателската палата и изборната комисија во главниот град, Бисао. Неколку часа подоцна, на државната телевизија се појави генерал Денис Н’Кана, кој соопшти дека претседателот Ембало бил уапсен поради, како што тврди, „заговор со локални нарко-кланови за рушење на уставниот поредок“. Воените власти ги суспендираа сите медиуми и го прекинаа изборниот процес, додека границите на земјата беа целосно затворени.

Повеќе министри и високопрофилни воени лица наводно се приведени заедно со Ембало, кој беше фаворит за реизбор на втор мандат. Се шпекулира дека пучот можеби бил инсцениран, но засега нема официјални потврди за ова. Гвинеја Бисао, земја со долгогодишна политичка нестабилност, исто така е позната како транзитна точка за кокаин, а трговијата со дрога продолжила и за време на мандатот на Ембало.

Ситуацијата во земјата е напната, а меѓународната заедница со внимание ја следи оваа кризна ситуација, која може да има далекосежни последици за безбедноста и стабилноста на регионот.

FixCredit
Atensa 300
Escape