ПРВ.мк
Македонија

На 4 декември ќе се случи супер месечина што нема повторно да ја видиме цели 20 години – погледнете како изгледа во текстот! (ФОТО)

На 4 декември ќе се случи супер месечина што нема повторно да ја видиме цели 20 години – погледнете како изгледа во текстот! (ФОТО)
Kristal

На 4 декември не очекува небесен спектакл што ретко се случува – супер месечина која следен пат ќе ја видиме дури во 2042 година. Овој астрономски феномен се појавува кога Месечината е на најблиската точка до Земјата и затоа изгледа значително поголема и посјајна отколку обично.

Ако времето дозволи и небото биде чисто, Месечината ќе се појави ниско на хоризонтот, со впечатлива големина и интензивен сјај што ќе го осветли целиот пејзаж. Астрономите велат дека ова е едно од последните вакви појавувања во следните две децении, па затоа вреди да излезете надвор, да погледнете кон небото и да ја почувствувате магијата на природата.

Многумина ќе сакаат да го овековечат моментот со фотографии, бидејќи следната ваква шанса ќе ја дочекаме со дваесет години повеќе искуство зад нас. Овој декемвриски феномен е идеална можност за љубителите на астрономијата, фотографијата и романтиката, но и за сите што сакаат да видат нешто навистина ретко.

FixCredit
Atensa 300
Escape