ПРВ.мк
Македонија

„63 сенки ќе ги следат засекогаш“ – Болна порака на мајката на загинатиот Тома пред продолжението на судскиот процес за трагедијата во Кочани

„63 сенки ќе ги следат засекогаш“ – Болна порака на мајката на загинатиот Тома пред продолжението на судскиот процес за трагедијата во Кочани
Kristal

Пред денешното продолжение на судскиот процес за трагичниот случај „Пулс“, силна и емотивна реакција испрати мајката на еден од загинатите, Тома Златков. Јулија Златкова, која и понатаму страда од загубата на својот син, зборуваше за бескрајната болка што ја носи и за огорченоста од однесувањето на обвинетите на претходните рочишта.

„63 убиени деца, 63 уништени иднини на децата и нивните семејства. Многу контрадикторно беше што на минатото рочиште никој од обвинетите не се изјасни за виновен. Зарем треба ние родителите да ги потсетиме зошто тие се наоѓаат во судницата?“ – зборуваше таа, очигледно потресена од однесувањето на обвинетите. „Никој од нив немаше ни грам совест ни човечност да ја признае својата вина. Ни монструмот, ни син му, ни брат му, ни соучесниците, без разлика дали биле од прв, втор или трети ред, никој не покажа барем минимално чувство на човечност. Но, сите ние знаеме кој е виновен и се надевам дека ќе ја добиеме правдата за нашите убиени деца!“

Трагедијата што однесе 63 животи останува во срцата на родителите, кои тагуваат за изгубените деца. „63 не е само бројка! 63 не е статистика! Тоа се млади убиени деца и 63 сенки ќе ги следат засекогаш“ – изјави Златкова, пренесувајќи огромна болка и разочарување.

И додека процесот продолжува, родителите и семејствата на загинатите деца сè уште се надеваат на правдата, за која веруваат дека им е заслужена, бидејќи овие деца и нивните животи никогаш не треба да бидат заборавени.

FixCredit
Atensa 300
Escape