ПРВ.мк
Македонија

Oпасност од поплави: УХМР издаде „жолт хидроаларм“ – еве кои региони ќе бидат погодени!

 Oпасност од поплави: УХМР издаде „жолт хидроаларм“ – еве кои региони ќе бидат погодени!
Kristal

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде „жолт хидроаларм“ за утре поради потенцијалната опасност од поплави и излевање на реките во делови од Македонија. Како резултат на циклонска активност, се очекува обилни врнежи во крајните јужни и југоисточни делови на земјата, што може да предизвика зголемување на водостојот на реките.

Региони на кои се очекува поголем ризик:

  • Струмица и Струмичкиот регион – очекува се висок водостој на река Струмица.
  • Гевгелиско-Валандовски регион (река Калковска) и Дојранскиот регион.
  • Долен дел од сливот на река Вардар, особено на водотеците кои доаѓаат од планинскиот масив Кожув (река Бошава, Дошница, Коњска, Кованска, Серменинска, Петрова).
  • Битолскиот дел на сливот на река Црна (река Елешка).
  • Охридско-Преспанскиот регион.

Опасност од излевања:Доколку обилните врнежи навлезат подлабоко во земјата, се очекува да дојде до локални излевања на реки, особено на помалите реки и суводолиците. Ова може да предизвика сериозни проблеми во споменатите региони, вклучително и во подножјето на планините, каде што се активираат помалите водотечни системи.

Што советуваат од УХМР?

  • Препорака за внимателно движење покрај реките и суводолиците во јужните и југоисточните делови на земјата.
  • Обраќање на внимание на сите локални предупредувања и можни поплави.

Сите граѓани се повикуваат да бидат внимателни и да ги следат предупредувањата од надлежните институции.

FixCredit
Atensa 300
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape