ПРВ.мк
Свет

(Видео) Луд потег во Париз: Скокнале со падобран од Ајфеловата кула – сега се во притвор!

(Видео) Луд потег во Париз: Скокнале со падобран од Ајфеловата кула – сега се во притвор!
Escape

Тројца авантуристи се најдоа во притвор во Париз откако две лица се искачиле на врвот на Ајфеловата кула и се спуштиле со падобран пред очите на изненадените минувачи. Француските обвинители отворија истрага за „нелегален упад во историско и културно обележје“ и „загрозување на туѓи животи со намерно кршење на безбедносни прописи“, јавува BFMTV.

Падобранскиот скок предизвика вистинска паника кај обезбедувањето и посетителите на споменикот. Властите веднаш реагирале, а сите тројца – вклучително и третиот член кој најверојатно бил логистичка поддршка – биле уапсени.

Ова не е прв ваков случај: во август 2024 година, Британец се качи на Ајфеловата кула и заврши со парична казна. Слична судбина веројатно ги очекува и овие нови „херои на адреналинот“, бидејќи судот може да им понуди граѓанска отштета наместо судски процес.

Париските власти го осудија потегот како „екстремно опасен и неодговорен“, а истрагата ќе утврди дали имало и потенцијален ризик по посетителите или структурата на кулата.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo