ПРВ.мк
Свет

Драма на прес-конференција: Легендата на Аргентина доживеа срцев удар

Драма на прес-конференција: Легендата на Аргентина доживеа срцев удар

Голем шок го потресе аргентинскиот фудбал, откако легендарниот Фернандо Гаго доживеал срцев удар за време на своите тренерски обврски.

Според локалните медиуми, инцидентот се случил за време на прес-конференцијата што Гаго ја одржал како тренер на Универзидад де Чиле во пресрет на натпреварот против О'Хигинс.

На снимките од прес-конференцијата може да се забележи дека поранешниот аргентински репрезентативец не се чувствува добро и зборува со видливи потешкотии. Веднаш по завршувањето на настанот, тој бил итно пренесен во болница, каде што бил подложен на оперативен зафат.

Од клубот официјално соопштија дека Гаго успешно ја поминал интервенцијата и дека неговата здравствена состојба е стабилна.

Фернандо Гаго важи за еден од најпознатите аргентински фудбалери во последните две децении. Во својата богата кариера настапуваше за Бока Јуниорс, Реал Мадрид, Рома и Валенсија, а со репрезентацијата на Аргентина одигра бројни големи натпревари на светски и континентални првенства.

Навивачите и љубителите на фудбалот ширум светот испраќаат пораки со желби за негово брзо закрепнување.

ВИДЕО