ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) КРВАВА НОЌ ВО КИЕВ: Русија изврши брутален ракетен напад - бројот на жртви се зголемува!

(ВИДЕО) КРВАВА НОЌ ВО КИЕВ: Русија изврши брутален ракетен напад - бројот на жртви се зголемува!

Во нов ноќен напад со балистички ракети врз украинската престолнина Киев, животот го загубија најмалку девет лица, додека 28 се повредени, меѓу кои и четири деца, објави Би-би-си. Според информациите од украинските служби за итни случаи објавени на Телеграм, во нападот се предизвикани пожари и големи материјални штети во пет различни области на главниот град.

Трагичниот биланс вклучува и двајца загинати во петкатна станбена зграда која била зафатена од пожар, додека најголем број жртви, односно седум лица, се пријавени во населбата Дарнички. Репортерите на терен известиле за серија силни експлозии што ги потресле улиците и ги активирале алармите на автомобилите. Стравичните фотографии од разурнатите станбени објекти брзо се раширија низ светските медиуми, потврдувајќи го новото засилување на руските напади врз украинска територија.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Најнови вести