ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ЕРУПТИРАШЕ ВУЛКАН: Огромен облак од пепел се крена 3.500 метри во воздухот - властите предупредуваат на нова ерупција!

(ВИДЕО) ЕРУПТИРАШЕ ВУЛКАН: Огромен облак од пепел се крена 3.500 метри во воздухот - властите предупредуваат на нова ерупција!

Вулканот Синабунг на индонезискиот остров Суматра повторно еруптираше, при што во воздухот беа исфрлени големи количества вулкански пепел и чад. Облакот достигнал височина од околу 3.500 метри над вулканот.

Засега нема информации за загинати или повредени лица, ниту за евакуации и прекини во воздушниот сообраќај во погоденото подрачје.

Сепак, властите веднаш ги засилиле мерките на претпазливост и им препорачале на жителите, туристите и посетителите да избегнуваат движење во селата во округот Каро, во провинцијата Северна Суматра. Ограничувањата се однесуваат и на подрачјето во радиус од шест километри од врвот на вулканот.

Ерупцијата оставила видливи последици во неколку околни села. Патиштата, возилата и објектите биле прекриени со сив вулкански пепел, додека локалните власти започнале да им делат заштитни маски на населението.

Надлежните дополнително го зголемиле нивото на предупредување за Синабунг на „претпазливост“, што е второто највисоко ниво на тревога.

Од Геолошката агенција на Индонезија предупредуваат дека сегашната активност можеби не е крајот на приказната. Директорката Лана Сарија изјавила дека ерупцијата се смета за почетна и дека постои можност за уште посилна активност.

Знаци дека вулканот повторно станува активен биле забележани уште во средината на август. Тогаш биле регистрирани десетици земјотреси поврзани со вулканската активност, по што бил проширен и препорачаниот безбедносен радиус.

Синабунг е еден од повеќето од 120 активни вулкани во Индонезија. Земјата се наоѓа на таканаречениот Пацифички „Огнен прстен“, област позната по исклучително интензивната сеизмичка и вулканска активност.

Иако моментално нема информации за жртви, властите внимателно ја следат ситуацијата поради можноста активноста на Синабунг дополнително да се засили во наредниот период.

ВИДЕО