ПРВ.мк
Свет

СИЛАН ЕКСПЛОЗИЈА ПРЕД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: Шестмина ранети во експлозија на автомобил-бомба!

СИЛАН ЕКСПЛОЗИЈА ПРЕД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: Шестмина ранети во експлозија на автомобил-бомба!

Силен напад со автомобил-бомба ја потресе мексиканската сојузна држава Закатекас, откако возило натоварено со експлозив експлодирало пред полициска станица. Во експлозијата биле повредени шест лица, соопштија локалните власти.

Инцидентот се случил во градот Охокалиенте, во текот на ноќта, а мета била полициската станица. Експлозијата предизвикала материјална штета на полицискиот објект, но и на објекти кои се наоѓале во непосредна близина.

Државниот секретар на владата, Родриго Рејес, потврдил дека експлозивната направа била поставена во приватно возило. По експлозијата, шест цивили биле повредени, а на сите им била укажана медицинска помош.

Нападот се случува во регион кој има особено значење во мексиканската борба против организираниот криминал. Закатекас се наоѓа на важна транспортна и трговска рута која ги поврзува централните делови на земјата со северот и западот, а преку регионот минуваат и значајни патишта кои се користат за шверц на дрога кон САД.

Токму поради оваа географска положба, со години во Закатекас се води жестока борба меѓу криминални групи кои се натпреваруваат за контрола врз територијата и каналите за шверц.

Со години регионот беше погоден од сериозно насилство поврзано со трговијата со дрога. Во одредени периоди речиси секојдневно беа регистрирани случаи на пронајдени тела и исчезнувања, пред состојбата привремено да се смири.

Но, во последните месеци повторно се регистрираат вознемирувачки настани.

Во јули, пет тела беа пронајдени обесени од мост во градот Позос де Гамбоа, кој се наоѓа на околу 75 километри од Охокалиенте.

Случајот предизвика дополнителна загриженост бидејќи меѓу жртвите, според локалните информации, имало поранешен градоначалник, државни службеници и бизнисмени од други делови на сојузната држава.

Најновата експлозија повторно го сврте вниманието кон безбедносната состојба во Закатекас и активностите на организираните криминални групи.

Надлежните служби продолжуваат да го истражуваат нападот, а засега не се соопштени дополнителни детали за тоа кој стои зад поставувањето на автомобил-бомбата или што точно било мотивот за нападот.

Најнови вести