Во рамките на вториот ден од овогодинешната манифестација „Тиквешки гроздобер 2026“, Кавадарци повторно ќе биде домаќин на традиционалната Таблијада. Организаторите упатуваат отворена покана до сите љубители на играта табла да станат дел од овој препознатлив натпреварувачки и друштвен настан.
Турнирот нуди одлична можност за сите ентузијасти да ги одмерат своите вештини, но и да уживаат во добрата атмосфера и традиционалното дружење што секоја година привлекува голем број учесници и публика.
Детали за настанот и пријавување:
- Краен рок за пријавување: 05.09.2026 година
- Почеток на турнирот: 11:00 часот
- Контакт лице за пријавување: Никола Давчев
- Телефон за информации: 078/242-122
Организаторите ги покануваат сите zainteresirani навреме да го потврдат своето учество и гарантираат уште едно незаборавно издание исполнето со спортски дух, забава и добро расположение.








