ПРВ.мк
Македонија

ЉУБОВНА ДРАМА ВО МАКЕДОНИЈА: Жена буртално нападната од партнерот - му возбратила со иста мера!

ЉУБОВНА ДРАМА ВО МАКЕДОНИЈА: Жена буртално нападната од партнерот - му возбратила со иста мера!

Случај на физички напад меѓу партнери бил пријавен во полицијата во Кочани, откако 44-годишна жена од Охрид пријавила дека била нападната од својот партнер по претходна расправија.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 29 август 2026 година во 11 часот во ОВР Кочани. Жената во пријавата навела дека инцидентот се случил два дена претходно, односно на 27 август околу 2 часот по полноќ.

Како што било пријавено, настанот започнал по претходна расправија меѓу жената и нејзиниот партнер. Според нејзиниот исказ, во текот на расправијата партнерот физички ја нападнал.

Во пријавата жената навела и дека по нападот му возвратила, по што случајот бил пријавен во полиција.

Од ОВР Кочани информираат дека во тек се мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, при што треба да се утврдат сите околности поврзани со пријавениот инцидент.

Засега полицијата не соопштува дополнителни детали за тоа што точно се случувало меѓу партнерите, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на постапувањето на надлежните служби.