Американскиот претседател Доналд Трамп бурно реагираше во интервју за CBS News, откако новинарката Нора О’Донел цитираше делови од манифестот на осомничениот напаѓач поврзан со инцидентот на вечерата на дописниците од Белата куќа.
Трамп првично зборувал смирено за настанот и атмосферата на заедништво со новинарите за време на паниката, кога вооружени припадници на безбедносните служби влегле во салата. Но ситуацијата се сменила кога О’Донел прочитала дел од наводниот манифест на осомничениот Кол Ален.
„Чекав да го прочитате тоа бидејќи знаев дека ќе го направите – затоа што сте ужасни луѓе“, ѝ возвратил Трамп.
Претседателот остро ги отфрли наводите од текстот: „Јас не сум силувач. Никого не сум силувал… Јас не сум педофил.“
Кога новинарката го прашала дали мисли дека нападот бил насочен кон него, Трамп не одговорил директно, туку продолжил со критики кон медиумите, оценувајќи дека се обидуваат да го поврзат со „работи што немаат никаква врска со него“.
Во текот на интервјуто, Трамп реагирал и на, како што самиот кажал, индиректни алузии поврзани со контроверзни случаи, иако тие не биле експлицитно спомнати.
Интервјуто предизвика силни реакции во јавноста, особено поради остриот тон на претседателот и чувствителноста на темата поврзана со нападот и манифестот на осомничениот.










