ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) АВИОН СКРШНА ОД ПИСТАТА, ПАТНИЦИТЕ ПРЕСТРАШЕНИ: „Се почувствува силен чад, мислевме дека ќе експлоира!“

(ВИДЕО) АВИОН СКРШНА ОД ПИСТАТА, ПАТНИЦИТЕ ПРЕСТРАШЕНИ: „Се почувствува силен чад, мислевме дека ќе експлоира!“

Авион на „Ер Канада“ скршна од пистата на аеродромот во Монтреал по слетувањето, но нема повредени, соопштија официјални лица од авиокомпанијата.

Како што пренесува канадски „ЦБЦ“ (CBC), официјални лица од „Ер Канада“ во соопштение по е-пошта наведоа дека летот AC774, кој пристигнал од Лос Анџелес, ја напуштил патеката за рулање по слетувањето. „Немаше повредени“, се наведува во соопштението.

Авионот „Боинг 737 Макс“, со 156 патници и шест членови на екипажот, слетал нормално, но „претрпел излетување од пистата и се движел низ тревата при излегувањето од главната писта“.

Сите патници и екипажот потоа го напуштиле авионот и со автобуси биле превезени до терминалот.

„Се тресевме по тревата“

Некои од патниците на летот, пренесува „ЦБЦ“, изјавиле дека искуството било потресно.

„Се движевме многу брзо и одеднаш се почувствува силен мирис на чад. Следното нешто што го паметам е дека се тресевме по тревата. Чад, нечистотија и трева имаше директно пред мојот прозорец, така што не можев да видам што се случува надвор. Не знаевме дали ќе експлодира“, изјави Барбара Еделстон Питерсон, една од патничките, додавајќи кое дека патниците биле заглавени во авионот околу три часа пред да можат да се искrcаат.

Авиопревозникот соопшти дека започнува детална истрага за инцидентот и дека ќе соработува со надлежните органи за да ја утврди причината за инцидентот.

ВИДЕО