Воен авион се запалил во воздухот пред принудно да слета на меѓународниот аеродром на познатиот грчки остров Закинтос, јавува британски „Daily Mail“.
Авионот слетал на аеродромот додека пламенот веќе го голтал леталото, по што огнот брзо се проширил и по самата писта. На видео-снимките кои се појавија на социјалните мрежи, јасно се гледа драматичната борба на итните служби кои се обидуваат да ја стават огнена стихија под контрола.
Пилотот преживеал по вистинско чудо
За среќа, пилотот по вистинско чудо го преживеал овој инцидент и поминал без никакви повреди. Поради сериозноста на настанот и расчистувањето на пистата, сите комерцијални летови кон и од островот се привремено одложени.
Детали за леталото: Авионот му припаѓа на 116-то борбено крило на грчките воздухопловни сили и полетал од воената база Араксос, која се наоѓа на северозападниот дел на Пелопонез.
Истрагата е во тек
Точната причина за принудното слетување и избувнувањето на пожарот сè уште не е официјално потврдена. Надлежните власти во моментов ја проценуваат штетата на леталото, а првичните сомнежи водат кон технички проблем со системот за слетување (стајниот трап).







