ПРВ.мк
Свет

Ужас во Австралија: Бремена жена со балканско потекло и нејзиниот партнер брутално убиени - партнерот е обезглавен и главата му е набиена на колец

Ужас во Австралија: Бремена жена со балканско потекло и нејзиниот партнер брутално убиени - партнерот е обезглавен и главата му е набиена на колец

Во југоисточниот дел на Мелбурн, Австралија, се случи потресно злосторство во кое животот го загубија 39-годишната Атена, ќерка на грчки имигранти, и нејзиниот долгогодишен партнер Ендру Ган (50). Атена била бремена пет месеци и со нетрпение очекувала да стане мајка, особено затоа што мислела дека поради возраста никогаш нема да ја доживее таа радост. Семејството било во пресреќен период откако дознало дека очекува девојче.

Трагедијата се случила во понеделник навечер, кога полицијата била повикана во нивниот дом во населбата Маунт Вејверли и ги пронашла телата на двојката. Ендру бил обезглавен, а неговата глава пронајдена набодена на колец – детал што ја шокираше јавноста.

Полицијата го опиша нападот како целен и крајно насилен. Набрзо по откривањето на телата, бил уапсен 34-годишен бездомник, но засега нема подигнати обвиненија. Се истражува каква била врската меѓу него и жртвите.

Атена пораснала во Мелбурн, живеејќи и со мајка ѝ и со татко ѝ по нивниот развод. Мајка ѝ, Пати Георгопулос, ја опишува како љубител на животните, решителна и посветена на работата како консултант во енергетската индустрија, која неодамна направила пауза за да се посвети на бременоста.

Семејството е скршено од болка и не може да сфати зошто двојката била убиена. Полицијата апелира до сите кои имаат информации да се јават во „Крајм Стоперс“.

Escape