Главниот командант на украинската армија, Александар Сирски, алармира дека Русија подготвува голема офанзива во регионот Харков. Според него, руските сили веќе неделава ја зголемиле својата активност и вршат притисок со непрекинати бранови пешадија и артилериски напади.
Сирски истакна дека провел два дена со војниците на фронтот, каде анализирал тактиките и логистиката за одбрана. Русија, предупреди тој, настојува да ја искористи својата бројна предност и поголемите резерви на муниција, особено во североисточниот дел од Украина.
Дополнително, во регионот Суми веќе е формирано руско упориште, што може да биде основа за пошироки напади.
Сирски порача дека Украина мора да биде подготвена со модерни тактики и технолошки решенија за да го сопре напредувањето и да ја задржи контролата врз клучните позиции во Харковскиот регион.