ПРВ.мк
Македонија

Фатен на граница – 20-годишник од Кичево уапсен по потерница на Интерпол

Фатен на граница – 20-годишник од Кичево уапсен по потерница на Интерпол
Escape

Младо момче од кичевско било уапсено на граничниот премин Долно Блаце откако било откриено дека управувал со возило барано од Интерпол. Станува збор за 20-годишниот А.И. од селото Туин, кој на 29 јули околу 19:45 часот се обидел да ја мине границата со патничко возило „БМВ“ со швајцарски таблици.

Но при проверката, граничната полиција открила дека возилото е евидентирано како украдено. Веднаш по откритието, А.И. бил приведен, а возилото задржано. Министерството за внатрешни работи најави дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo