ПРВ.мк
Македонија

Нестабилно време ја зафати земјава - Четиридневна прогноза со дожд и грмежи

Нестабилно време ја зафати земјава - Четиридневна прогноза со дожд и грмежи
Escape

Во делови од Македонија следуваат неколку дена со променливо и нестабилно време, предупредуваат синоптичарите. Денеска, во текот на ноќта и утрешниот ден, се очекува пороен дожд, грмежи, а на места и краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието.

Во петок (1 август) и сабота (2 август), времето ќе се стабилизира, со сонце и пораст на температурите – до 36°C. Но веќе во недела (3 август) и на почетокот од наредната седмица повторно се очекува дестабилизирање со услови за локален пороен дожд и грмежи.

Детална прогноза:

01.08.2025 – Минимална: 10°C до 18°C | Максимална: 26°C до 34°C Сончево со мала до умерена облачност, слаб до умерен северен ветер.

02.08.2025 – Минимална: 11°C до 19°C | Максимална: 28°C до 36°C Сончево и потопло, со слаб до умерен северозападен ветер.

03.08.2025 – Минимална: 12°C до 20°C | Максимална: 27°C до 36°C Сончево со мала до умерена облачност, а попладне услови за пороен дожд и грмежи.

Mia Home Mavrovo