ПРВ.мк
Македонија

Табановце во колапс, чекање до 45 минути

Табановце во колапс, чекање до 45 минути
Escape

Граничниот премин Табановце се соочува со голем метеж поради летните одмори, со време на чекање од околу 45 минути за влез и излез од државата. Ова е најфреквентната точка во моментов, додека на останатите гранични премини од македонска страна сообраќајот се одвива без подолги задржувања.

АМСМ информира дека и покрај зголемениот интензитет на возила, сообраќајот на државните патишта е генерално непречен, со исклучок на одредени делници каде коловозите се влажни. Надвор од градските средини се забележува значително поголемо движење на возила.

Возачите се повикуваат на зголемено внимание, особено на патиштата низ клисури и долини, каде постои опасност од одрони. Посебно ризични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ апелира до граѓаните да возат со прилагодена брзина, да ја следат сигнализацијата и да бидат внимателни, бидејќи патиштата викендов ќе бидат под силен притисок од патници кои се враќаат или заминуваат на одмор.

Mia Home Mavrovo