Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, а во поголем дел од земјата ќе преовладува пријатно и топло време.
Според метеоролошките прогнози, ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, додека во источните делови повремено ќе биде засилен со брзина над 40 километри на час.
Температурите ќе се движат од минимални 4 до 14 степени во утринските часови, додека максималните дневни ќе достигнат од 24 до 31 степен Целзиусов.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од околу 12 степени наутро до 30 степени во текот на денот.
Според најавите, во наредните денови ќе следи промена на временските услови. Во недела и понеделник претпладне се очекува променлива облачност со сончеви периоди, додека попладне постои можност за локални поројни дождови, грмежи и засилен ветер.
Во вторник и среда ќе се задржи променливо облачно и релативно стабилно време, но од четврток повторно се најавуваат дожд, грмежи и засилен ветер.









