ПРВ.мк
Свет

Експлозија на опасен вирус во руската армија: Драстично зголемување на ХИВ случаи по инвазијата на Украина

Експлозија на опасен вирус во руската армија: Драстично зголемување на ХИВ случаи по инвазијата на Украина
Escape

Бројот на нови случаи на ХИВ во руската армија драматично се зголемил по почетокот на војната во Украина, открива извештај објавен во Воено-медицинскиот журнал на Русија. Најголем пораст е забележан за време на мобилизацијата, при што до крајот на 2023 година, бројот на дијагностицирани случаи бил дури 20 пати повисок од периодот пред инвазијата.

Анализа на Карнеги центарот за Русија и Евроазија укажува дека зголемувањето не е поврзано само со контакт со крв и повреди, туку и со ризично однесување меѓу војниците — како незаштитени сексуални односи и делење игли при користење дрога. „Кога секој ден го живееш како да е последен, таквото однесување станува нормално“, се наведува во извештајот.

Инаку, Русија и пред почетокот на војната се соочуваше со сериозна епидемија на ХИВ — официјално има над 1,1 милион регистрирани случаи, но се претпоставува дека вистинскиот број е над 1,5 милиони. Според податоците од UNAIDS, во 2021 година Русија носела речиси 4% од светските случаи на ХИВ, иако има помалку од 2% од глобалната популација.

Проблемот се продлабочува со ограничувањето на активностите на невладините организации кои работат на ХИВ-превенција. Законот за „странски агенти“ доведе до затворање на многу здруженија што добиваа меѓународна поддршка, а последната одлука на Врховниот суд со која ЛГБТ-движењето е прогласено за „екстремистичко“ уште повеќе ги маргинализира најранливите групи.

Ниту Украина не е поштедена — таа има највисока стапка на ХИВ во Европа, со околу 240.000 заболени. Воените дејствија го отежнаа пристапот до тестирања и терапија, особено на териториите под руска окупација, каде што превентивните услуги речиси и не постојат.

Стручњаците предупредуваат дека репресивните политики и некоординираниот одговор само ја влошуваат кризата, која сѐ повеќе ја погодува работоспособната популација.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo