ПРВ.мк
Македонија

Скопје се празни за Илинден – гужви на патиштата, метеж на границите и патарините

Скопје се празни за Илинден – гужви на патиштата, метеж на границите и патарините
Escape

По завршувањето на работниот ден, скопјани масовно го напуштаат градот за да го искористат продолжениот Илинденски викенд. Зголемена е фреквенцијата на возила на излезите од главниот град, особено кон туристичките дестинации како Охрид, Маврово, Дојран и Гевгелија.

На граничниот премин „Богородица“ се бележи метеж, со чекање до половина час за излез од земјата. Слична е ситуацијата и на патарините, каде се формираат долги колони и се чека подолго од вообичаено, особено на патот кон Охрид.

Надлежните институции апелираат до возачите на трпеливост, внимателно возење и строго почитување на сообраќајните правила, за празникот да мине без инциденти.

Mia Home Mavrovo