Традицијата продолжува – вечерта пред Илинден, Крушево повторно беше пречекано од горди коњаници кои пристигнаа како симбол на непокорот и борбата за слобода. Колоната со коњаници пристигна во градот како дел од илинденскиот марш, кој секоја година се одржува во чест на Илинденското востание.
Со високо кренати глави и облечени во народни носии, коњаниците ја продолжуваат традицијата стара повеќе од еден век, оддавајќи почит на Илинденците и нивната херојска жртва. Утре, на 2 август, ќе бидат дел од централната прослава кај Мечкин Камен, каде што ќе се одржи свеченото чествување.
Крушево веќе дише во духот на Илинден – патриотизам, историја и гордост се чувствуваат на секој чекор.