ПРВ.мк
Македонија

Бигорскиот манастир свечено го одбележува Илинден во Лазарополе

Бигорскиот манастир свечено го одбележува Илинден во Лазарополе
Escape

И оваа година, Свештената Бигорска обител го одбележува 2 Август – Денот на двата Илиндена, со богослужби во село Лазарополе и молитва за татковината во самиот манастир.

На празникот на Свети Илија и на 122-годишнината од Илинденското востание, ќе се одржи свечена архијерејска литургија во црквата „Св. Георгиј Победоносец“ во Лазарополе, со која ќе чиноначалствува архимандрит Анатолиј.

Во манастирот, пак, ќе се служи доксологија – молитва за Македонија и за покој на сите кои ја дале својата жртва за слободата.

„Честит Илинден и од Бога благослов. На многаја лета, возљубена Татковино“, порачаа од Бигорски.

За Лазорополчани, Илинден има посебно значење – токму на овој ден, нивното село се исполнува со потомци и гости, слично како што Галичник се полни за Петровден. Меѓу присутните се и групата Мајовци, чие потекло води токму од ова планинско село.

Mia Home Mavrovo