Во периодот меѓу 27 и 31 јули, непознати лица извршиле кражба во напуштените простории на фабриката „11 Октомври – Еурокомпозит“ во Прилеп, лоцирана на улицата „Александар Македонски“. Според информациите од ОВР Прилеп, сторителите со употреба на физичка сила и подесен алат провалиле во канцелариски простории од управната зграда.
Од објектот биле однесени четири електромотори од хидраулична машина, електрични додатоци, кабли, инсталации, делови од електронски уреди, два електромотори од фрижидер, како и две торби исполнети со различни метални предмети.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите и целосно расчистување на случајот.