ПРВ.мк
Свет

Франција испрати хуманитарна помош по воздух за Газа и побара целосен пристап од Израел

Франција испрати хуманитарна помош по воздух за Газа и побара целосен пристап од Израел
Escape

Франција денеска започна со воздушен транспорт на 40 тони хуманитарна помош за Појасот Газа, предупредувајќи дека регионот се соочува со опасност од глад и апелирајќи до Израел да овозможи непречен хуманитарен пристап.

Францускиот претседател Емануел Макрон објави на социјалната мрежа X дека првата пратка со храна веќе е испратена, искажа благодарност до партнерите од Јордан, Обединетите Арапски Емирати и Германија за нивната поддршка, како и до француските воени сили за посветеноста.

Тој нагласи дека воздушниот транспорт не е доволен и упати јасен повик до Израел да отвори целосен хуманитарен коридор за да се спречи катастрофата што ѝ се заканува на Газа.

Mia Home Mavrovo